Ги сакаат оставените девојки
Ако сте сè уште тажна поради прекинот со дечкото, за тоа нема причина, бидејќи научниците носат одлични вести – мажите ги сметаат за најпривлечни...
...оставените жени; додека пак жените не можат да им одолеат на мажите кои собрале храброст и ја оставиле својата партнерка.
Истражувањето спроведено на универзитетот во Мичиган пробало да открие како прекините со партнерите влијае на идните љубовни врски и дошле до многу ветувачки резултат.
Научниците откриле дека мажите само во случај на сериозни врски ги интересираат деталите за бившите партнери на жената, а кога станува збор за минлива авантура, тогаш сите тие податоци се неважни.
Психологот Кристин Станик признава дека и самата била изненадена со резултатите од истражувањето: “На почетокот очекував дека личностите кои ги оставиле своите партнери ќе бидат попривлечни поради желбата за преземање ризик.”
Меѓутоа, истражувањето дало сосема спротивни резултати. Станик претпоставува дека мажите кои иницираат прекин на врската покажуваат вродена особина на водач.
Таквите мажи автоматски ги привлекуваат жените кои се оставени бидејќи таа ситуација им ветува дека нивниот иден партнер веќе не е загреан за бившата девојка.
Но, кого жената е таа што ќе го остави својот партнер, мажите ја гледаат како пребирлива личност и носат заклучок дека би можела и нив да ги остави.