5 причини ПРОТИВ љубовник

5-pricini-protiv-ljubovnik-povekjeМинатата недела беше објавена статијата кои се предностите доколку имате љубовник во животот. Нормално е дека секој си има свое мислење во однос...

 

...на оваа тема, па ова се 5 причини зошто не е убаво да имате љубовник, а вие ставете на вага и проценете што ви се исплати повеќе.

5-pricini-protiv-ljubovnik

1. Ќе го уништите семејството. Мажот и децата се капитал, а љубовникот е нешто сосема друго. Во пракса е тешко да се раздвојат чувствата. Може да се случи љубовникот да и го скрши срцето на својата сакана доколку таа не е свесна дека се има свој крај, па и тајната врска. Секој трет брак во Германија, на пример, се распаѓа, а причината е брачниот триаголник без среќен завршеток. Можеби, сепак, не се исплати да имате љубовник.

2. Ја оптеретува совеста. Дури и+ посилните личности на кои не им е грижа што ќе рече околината повремено лошо се чувствуваат поради тоа што го забележуваат и чувствуваат туѓиот презир. Се уште живееме на Балкан, кој не го простува женското неверство, додека машкото се одобрува, иако љубовната авантура ја разгалува душата, секој повремено ќе се присети што му прави на законскиот партнер. Кога и да се погледне жената во огледало, се чувствува нечисто, повеќе драматично. Двојниот живот ги оптеретува дури и многу силните личности.

3. Жртва на краток спој. Повеќе од 80 проценти од жените и мажите се љубоморни. Многу од нив ќе направат кривично дело поради љубомора. Секако дека верноста не е гаранција против љубомората, но барем го спречува злочинот.

4. Презафатеност. Жените денес се многу зафатени, ги носат децата на училиште и други вон школски активности, се рекреираат, шетаат кучиња и спијат осум часа.  За такви напори и 24 часа е малку. Љубовникот бара многу повеќе време од хоби; бара состаноци, подготовки, организација и секс. Кој сето тоа ќе го усклади, е одличен менаџер, но секогаш негде има застој, а најлошо е кога тоа ќе се одрази на односот со децата.

5. Опасности од болести. Ниту една љубов не е така голема да за неа треба да се умре. Љубовникот мора да употребува кондом, инаку постои опасност од разни полни заболувања. А тука е и душевната вознемиреност, која секогаш ја следи пресилната љубов.

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...
10 работи кои ќе ја направат вашата врска посилна (според терапевтите) Чистењето на домот не треба да е обврска само на едниот партнер, туку на двајцат...
Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“ „Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се ...
Што најмногу гледале Македонците на Pornhub во 2023? На деталниот приказ по најгледани категории на филмови за возрасни се најде и Ма...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...
Идеи за секс без пенетрација кои исто така пружат задоволство (18+) Покрај добропознатиот орален секс, постојат и други „игри“ во кревет кои не вклу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg