Раскинување па смирување

raskinuvanje-pa-smiruvanje-povekjeВо љубовта работите не секогаш одат како подмачкани. Се случуваат раскинувања и разводи, а се случува и повторно да се биде заедно. Во меѓувреме, што додека...

 

...не сте заедно? И тогаш сешто може да се случи, освен ако не се случи некое кривично дело, не треба да имате грижа на совест поради она што во меѓувреме се случило.

На што мислиме?

raskinuvanje-pa-smiruvanje

На пример: сте биле заедно некое време, па сте раскинале. Тој бил оној кој ја прекинал врската и ви рекол дека е готово и дека е најдобро да си најдете друг.

По раскинувањето вие сте имала неколку врски, ништо сериозно, а по некое време се решавате да се смирите со поранешниот и повторно сте заедно.

Постои можност да се појави мала грижа на совест за она што сте го имале во меѓупериодот со други партнери. Но, нема потреба да се замарате со тоа.

Оној момент кога тој раскинал со вас, вие повеќе не сте биле дел од неговиот живот. Тоа што сте биле со други мажи не значи дека сте го измамиле. Нема зошто да чувствувате вина.

Иако можно е да сте биле со други само за да му докажете дека можете без него, што е погрешна причина за да се биде со некого и непочитување за третата личност. Дури и да е така нема потреба од грижа на совест кон бившиот дечко.

Што било, било. Тој ве оставил, а вие сте побарале утеха кај други. Луѓето тоа го прават и не остава никакви трагични последици. Треба да се гледа напред и да се гради врската во која сме, а не да се грижиме за нешто што не било сериозно.

Дали за тоа треба да му кажете? Не е неопходно- тогаш не сте биле заедно, но ако ве праша, треба да му ја кажете вистината.

Секако ако двајцата имате желба да бидете повторно заедно, ќе успеете во тоа само ако сте искрени меѓу себе.

Би можело да ве интересира:

Зошто не треба да глумите оргазам со вашиот партнер? (18+) Зборувањето за оргазмот не само што е поволно за врската, туку влијае и на целок...
Вистина или мит: Дали кондомот влијае врз изджрливоста и задоволството на мажите? (18+) Постои верување дека користењето презервативи има влијание врз издржливоста, но ...
Прашувам за пријател: „Мојата љубовница остана бремена, сака да ја напуштам сопругата - Што да права... „Кога на колешката ѝ признав колку ми недостига кога не е на работа, ми кажа дек...
8 работи што емоционално интелигентните луѓе не му ги прават на партнерот Не ги банализираат проблемите на партнерот и не избегнуваат одговорност кога ќе ...
Што најмногу гледале Македонците на Pornhub во 2023? На деталниот приказ по најгледани категории на филмови за возрасни се најде и Ма...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg