Љубовта бара внимание
Без оглед на тоа колку мажите и жените се разликуваат, некои модели на сексуално регирање постојат кај двата пола, само манифестацијата е различна.
Желбата, возбудувањето, оргазмот... Тоа се поими кои им се познати на двата пола. Кај мажите работите функционираат, подготвени се на секс секогаш и секаде, додека кај жените сексуалната желба е мотивирана со емотивна блискост и чувство на сигурност.
Всушност кај мажите работата завршува многу едноставно, сè се одвива некаде околу препоните, додека кај дамите сексуалната енергија зависи од многу фактори, вклучувајќи го и држењето за раце во продавница за мебел.
Факт е дека и едните и другите реагираат позитивно на некои работи, како на пример, убаво поминато време, вербално искажано внимание, подароци, услуги, физички допири...
Во секој случај, љубовта бара внимание, без разлика од кој агол се гледа. А, тоа почнува така што ќе откриете што е тоа што вашата партнерка/партнер го посакува.
Можеби е тоа што ќе нагласите колку сте среќни што ја/го имате, или кога посветувате потполно внимание и поминувате повеќе време на само, кога донесувате подароци и овозможувате опипливи докази на љубов, а можеби и кога ги изразувате вашите чувства низ физички контакт.
Секоја од овие опции може да биде важна и затоа не треба да се штеди на комплименти.