Тие паѓаат на... (2)
Веќе зборувавме за жени кои „паѓаат“ на погрешни мажи, постојано се врзуваат за погрешен тип мажи и завршуваат повредени и без љубовта која ја посакуваат.
Тој вид грешки е исклучиво женски „специјалитет“, но постојат и типови жени на кои мажите „паѓаат“.
Студена кралица. Таа е предизвик. Студена е, командува, многу е непријатна кога нема да и биде исполнет некој хир, а тој е среќен ако добие трошка љубов или барем навестување дека такво нешто може да се случи...
Предизвик е да научите жена која е лута на цел свет, или стегната, искрено да се насмее, да се опушти и ужива.
Предизвик е таква жена да се освои. Во основа, жена која не сака да се насмевнува топло и со љубов нема така ни нему да му се насмевнува.
Заслепена од светлината. Таа е како зајак или елен кој е заслепен од фаровите на автомобил. Најчесто се работи за млада девојка која доаѓа од мало во поголемо место во потрага по успех или барем на некој начин подобар живот.
Тој ќе и изгледа полн со самодоверба, некој кој може да и помогне, да ја научи полесно да се снајде и да си создаде живот каков си замислува. Нему ќе му биде многу пријатно таа да го идеализира, да го гледа како способен светски човек, некој кој поминал низ се и сешто па сега може неа да ја подучи и заштити.
На крајот се поставува прашањето, со каква жена мажот посакува да биде, а не на која му е поедноставно да и пријде и да ја импресионира.