Колку често се расправате?
Караниците поретко или почесто се случуваат во меѓучовечките односи и тоа не е никаква трагедија. Она што е важно е дали се работи за здрава...
...караница која ќе допринесе за решавање на проблемите или за нездрава караница која само ќе ги продлабочи.
Како да знаете дали се работи за здрава или нездрава караница?
Сигналите дека се соочувате со нездрава караница се кога се расправате за особините на личноста со која се карате или за вашите чувства во врска со таа личност наместо да зборувате за конкретниот проблем.
Ја избегнувате личноста со која сте во караница, смалување на комуникацијата со таа личност како и негативниот говор на телото (агресивни гестови, повишен тон итн), сето тоа не ве води кон решавање на проблемот туку кон продлабочување на јазот помеѓу скараните страни.
Како да се избегне нездрава караница?
Барајте најдобро решение за обете страни, не само она што е најдобро за вас. Трудете се расправијата да се држи до конкретниот проблем и ако таа стане жестока, обидете се малку да се „оладите“.
Здравата караница најчесто вклучува идентификување на проблемите, заедничко развивање на неколку можни решенија, согледување на можностите, одбирање на одредено решение и проценка дали решението кое го применувате е задоволително.