Што ќе научите во првата година од бракот?
„Ќе те сакам и во добро и во зло.“ Оваа позната романтична реченица се изговара на денот на венчавката. Додека младоженците го изговараат своето судбоносно „да“, никој не им кажува дека првата година на брак е, всушност, година во која многу може да се научи.
Еве што може да се научи во првите 365 дена од бракот:
Посетување на роднините е многу позабавно во пар
Кога сте без партнер, посетување на роднините може да биде многу заморно. Речиси, секогаш постои некоја „тетка“ која ќе ве испрашува за вашиот љубовен статус и која постојано ќе биде „изненадена“ од вашите одговори.
Меѓутоа, кога патувате со сопругот, вашите роднини нема да се фокусираат само на вас, а и полесно ќе можете да измислите некој изговор за да заминете порано.
Малите нешта кои ве нервирале... ќе ве нервираат и понатаму
Оставање на облека во секој агол можеби звучи како ситница, но оваа навика може навистина да нервира. Ако ова не се промени во првата година на бракот, веројатно нема да се помени ни подоцна.
Грижете се за себе
Тоа што сте во брак не значи дека треба автоматски да се занемарите. Да, партнерот ве сака и без шминка и фризура, но вие самите ќе се чувствувате подобро доколку внимавате на себе и својот изглед.
Излегувањето е многу важно
Одење во продавница или гледање филм дома не може да се дефинира како излегување или рандеву. Постои нешто интересно и романтично во организација на вечера во ресторан.
Одржувајте ја вашата романса и возбуда и по првата година на брак.
Се менува односот со вашите „сингл“ пријатели
Сакале вие или не, односот со вашите „сингл“ пријатели дефинитивно ќе се промени. Сепак, сега имате различни животи.
Додека вие сте во фаза на семеен живот, тие се во врски или во потрага кон врска. Исто така, ќе постојат различни проблеми и теми на разговор.
Многу важен збор
Не, не се работи за зборо „извини“, туку за зборот „благодарам“. Важно е навистина да сте благодарни за големите нешта, како и за малите нешта.
Ашера | Црнобело