Зошто интелигентните луѓе потешко ги одржуваат љубовните врски?

Интелектот обично претставува сила, но според научниците, може да биде предизвика проблеми во врската. Претераното мислење е штетно во односот бидејќи тогаш личноста потешко се поврзува со партнерот.

zoshto-intelignetnite-lugje-poteshko-gi-odrzhuvaat-ljubovnite-vrski-01.jpg

Имено, интелектуализацијата е поим што во психологијата го означува одбранбениот механизам кој интелигентните луѓе несвесно го употребуваат за да не бидат повредени.

Кога станува збор за романтичните врски, ова однесување може да биде деструктивно. Овие луѓе несвесно ги блокираат длабоките емоции и се штитат од чувствата без кои врската не може да функционира.

Емпатијата и одговорноста се клучни за врската

Според експертите, емоционалната близина во врската ја одржуваат две компоненти. Првиот е обид да се сфатат перспективите на партнерот, односно емпатија.

Имено луѓето кои сакат да имаат квалитетна врска се обидуваат да разберат како се чувствува партнерот. Друго важно нешто кај квалитетната врска е одговорноста, способноста зa согледување на сопствените грешки и признавање кога ќе направите нешто погрешно.

Интелигентните луѓе често имаат проблеми со егото, што дополнително ја отежнува врската. Тие потешко ја признаваат вината и потребно им е подолго време да се покаат и подобрат.

Толеранцијата им е помала, па поради тоа имаат проблем со одржување на блиските врски.

Игнорирање на чувствата и потребите на партнерот

Интелигентните луѓе можат да се препознаат и по тоа што ги игнорираат чувствата на партнерот и постојано утврдуваат причини и ги преиспитаат неговите грешки.

Друг знак кој покажува дека интелектот нa партнерот претставува проблем е фактот што тој не може да сфати како изгледa ситуацијата од другата страна. Поради ова, несвесно ја намалува можноста за меѓусебно разбирање.

Исто така, интелигентните луѓе со активен одбранбен механизам ретко му даваат можност на партнерот да ги искаже своите чувства. Во текот нa расправата тие ги губат емоциите, па не чувствуваат ни емпатија.

Врската се гради и врз емоции

Доколку во емотивната врска ве кочи интелектот, психолозите сметаат дека прво треба да станете свесни за вашиот проблем. Кога сте свесни ќе можете да се обидете да го промените погледот кон врската и однесувањето.

Покрај тоа што размислувате со главата, во расправата треба да ги земете предвид и емоциите.

Психолозите тврдат дека само на овој начин можете да ја разберете и другата страна. Односно, да се ставите „во негова кожа“ и понекогаш да престанете со анализирањето на неговите грешки.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg