Себичноста штети на врската
Веќе подолго време се зборува дека доколку двајца сакаат врската да успее мораат подеднакво да вложуваат, секако не занемарувајќи ги своите потреби.
Тоа може да доведе до ситуација „јас тебе – ти мене“, па тукуречи со дигитрон да се пресметува кој кому и колку треба да му пружи или му пружил, при тоа двајцата да се однесуваат себично и двајцата да бидат незадоволни.
Партнерите сметаат дека секој од нив е во право, секој сака желбите и потребите да му бидат задоволени.
Вложуваат голем труд, не да ја согледаат пошироката слика, не да го гледаат парот како целина, туку да докажат дека тие се во право и да го истераат своето по секоја цена.
Покрај тоа во денешниот свет се повеќе ги има оние кои не се подготвени да вложат и да чекаат, туку се сакаат сега и по можност веднаш.
Обидете се со договор и компромис. Тоа што се трудите на саканата личност да и го пружите она што и е потребно, тоа е она што е најважно.