Кога не ви е до секс...
Кога се работи за љубовта, љубовните врски и сексот, постојат разни заблуди, а една од најголемите е онаа од насловот: ако го сакате партнерот, секогаш ќе...
...сакате да водите љубов со него. Таа идеја можеби делува романтично, но реалноста е поинаква.
Можете некого да сакате, но толку сте уморни што само ќе паднете на кревет и ќе заспиете.
Или сте под голем стрес и навистина не ви е до секс, или пак сте болни и немате желба поради лекарствата кои ги земате. Има многу причини поради кои во даден момент не сакате секс, но партнерот го сакате со полно срце.
Некогаш саканата личност ќе посака да има секс, но вам нема да ви е до тоа и нема да се возбудите или вие ќе посакате да водите љубов, а на саканата личност нема да и е по волја и нема да може тоа да го направи.
Тоа не мора да има никаква врска со фактот колку вие се сакате. И многу заљубен маж или жена можат во одреден момент да не бидат расположени за водење љубов со саканата личност.
Што ако тоа се случи?
Можете да се обидете со умилкување или милување, но ако и тоа не помогне, одложете го водењето љубов. Немојте да мислите дека тоа што саканата личност во тој момент не ве посакува значи и дека не ве сака.