5 добри причини зошто не треба да се омажите
Најголемата заблуда е дека жените сакаат брак и дека само за тоа размислуваат. Вистината е дека не секоја жена сака да биде сопруга.
Без оглед на животната средина, поради овие причини никогаш не треба да се омажите:
1. Сите околу вас се венчаваат
Чувствувате дека од сите страни ве прашуваат кога ќе се венчате. Но тоа не треба да биде причина да согласите на брак, доколку не сакате.
На крајот на краиштата, не дозволувајте општеството и околината да ве натераат да влезете во брачната заедница доколку не сте подготвени или желни за тоа.
2. Бидејќи сте бремени
Бракот не гарантира среќа во семејството. Често се случува луѓето кои се во брак да не бидат подготвени за бебе. Не треба да се омажите само бидејќи сте бремени, доволно е да покрај себе имате човек кој ќе ви даде поддршка и кој ќе биде добар татко.
3. Бидејќи вие и вашиот партнер имате добар секс
Не дозволувајте хормоните да влијаат врз вашето мислење и да завршите во брак со некој кој не ви одговара надвор од креветот.
Дури и ако поминувате неколку часа дневно во кревет со некој што ви одговара, тоа не значи дека остатокот од денот ќе ви биде добар. Среќата е многу повеќе од само добар секс.
4. Бидејќи ве притискаат родителите
Не постои поголема агонија од родителите кои решиле да „играат на свадбата на своето дете“. Тие ќе сторат сè да го постигнат својот сон.
Не дозволувајте им да ве манипулираат, бидејќи вие ќе бидете во брак со таа личност, а не вашите родители.
5. Бидејќи се плашите од осаменост
Ниска самодоверба може да направи хаос во вашиот живот. Ако ви се чини дека свадбениот прстен ќе ги реши вашите проблеми и дека никогаш повеќе нема да се почувствувате осамени, не сте во право.
Ашера | Црнобело