Подмачкан секс
Понекогаш е добро да подмачкате. Се оди подобро кога е подмачкано, а сексот не е исклучок од ова. Постојат безброј начини да го подобрите сексот, со...
...разни помагала или лубриканти.
Кај нас постои мислење дека лубрикантите се користат првенствено за анален секс, што не е точно. Лубрикантите се користат често и за вагинален секс. На пазарот се достапни стотици препарати со разна боја, вкус, мирис и состојки.
Ако сакате да ве пецка, лади, мириса или да има добар вкус... можете да најдете сè што ќе ви падне на памет во зависност од желбите и преференциите.
Постојат 3 основни видови лубриканти: базирани на силикон, вода или вазелин.
1. Лубрикантите на база на вода се поволни за латекс кондомите. Не се поволни за секс во вода. Имено, во допир со вода се разградуваат брзо, па наместо подмачкан секс добивате болно триење.
2. Лубриканти на база на вазелин се неповолни за латекс кондомите затоа што може да доведат до нивно пукање. Не се раствораат во вода па може да имате потешкотии во чистењето после сексот. Сите кои понекогаш сте користеле вазелин, свесни сте за последиците.
3. Лубриканти на база на силикон може да бидат и поволни, но и неповолни за кондомите од латекс во зависност од брендот. Овозможуваат подолга подмачканост од водените лубриканти затоа што не се апсорбираат во кожата.
Важно е да ја читате декларацијата на прозводот затоа што таму е наведен точниот состав.
Некои лубриканти содржат комбинација од сите три основни состојки, а не е наведено на производот – само на декларацијата.