Необични навики кои ги развивате при врска на далечина

Врските на далечина имаат и свои позитивни страни: почесто имате цел кревет за себе, помалку караници, време за себе... Но и покрај тоа, не е лесно да се одржи ваквата врска.

neobichni-naviki-koi-gi-razvivate-pri-vrska-na-dalechina-01.jpg

Поради тоа, партнерите кои се во врска на далечина развиваат чудни навики и пракси, со кои му покажуваат на другиот дека километрите не се пречка за одржување на љубовта.

Некогаш, овие навики се навистина необични, па дури и по малку чудни, но голем број вакви парови ги препознаваат:

Пораки од секаде

Ако живеете во различни временски зони или ако работите премногу, можеби слободното време ќе ви се поклопи во период кога сте во тоалет. Со ова се покажува дека сте подготвени во секое време да сте тука за партнерот.

Манијачење на социјални мрежи

Понекогаш активноста на социјалните мрежи зборува многу повеќе за тоа како партнерот го поминува своето време. Многу вакви парови секојдневно си ги разгледуваат профилите, дури и кога другиот нема некоја посебна активност.

neobichni-naviki-koi-gi-razvivate-pri-vrska-na-dalechina-02.jpg

Разменување мејлови со интерни шеги

Ако партнерот е заминат поради работа, на другиот некако инстинктивно му доаѓа да му пишува официјални обраќања. На пример, „Дали ти одговара попладнето на 27-ми“ и слични, кои не се нешто особено секси, но се интересни за ваквите парови.

Опседнатост со летови

Овие парови често патуваат еден кај друг, но во меѓувреме следат поволни цени на летови или оние кои се околу значаен датум. Толку се упатени во тоа што можете да ги користите како букинг-сервис, бидејќи ги имаат сите информации.

neobichni-naviki-koi-gi-razvivate-pri-vrska-na-dalechina-03.jpg

Секси пораки и мастурбирање

Далечината значи и немање физички контакт, а многу парови тоа го решиле со секси пораки и разговори и мастурбирање.

Задлабочување во содржината на пораките

Читање меѓу редови, изостанок на смајли-икони, точка на крајот, извичник, запирка... Секоја промена на текстуалната навика може да биде чудна и да предизвика параноја, без оглед на тоа што другиот можеби е уморен или зафатен во моментот.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg