5 основни правила за секс по породувањето
Колку милиметри е разликата во ширината на вагиналниот канал пред породувањето и 2 месеци по породувањето? Кои се чекорите за враќање на сексуалниот живот во нормала?
За време на бременоста многу жени се загрижени што ќе се случи со нивниот сексуален живот откако ќе родат.
Најважно е да знаете дека „потоа“ сè ќе биде добро.
Основни правила за секс по породувањето:
Правило 1: Време
Почекајте до мигот додека докторот ќе ви даде одобрение за да имате секс. Најчесто жените му се враќаат на интимниот живот 2 месеци по породувањето.
Понекогаш поради притисокот од страна на партнерот тешко е да се запази оваа временска рамка, но мора да запомните дека предвремениот секс може да доведе до воспалителни процеси. Раѓањето на детето е огромен товар за мускулите во карличниот дел и на вагиналниот канал може да има микрооштетувања.
Правило 2: Релаксација
Потребно е време за телото да закрепне. Најдобриот начин за тоа е да го сакате.
Дозволете му на вашиот партнер да ве допира и да ви го милува телото, но не брзајте со сексот.
Правило 3: Лубрикација
По породувањето, нивното на хормонот естроген во крвта паѓа драстично и тоа е причина не само за постпородилна депресија, тука и за сувост на вагиналниот канал.
Па, ако се грижите за вашиот сексуален живот, тогаш добро е да си купите лубрикант на база на вода, кој нема да ѝ наштети на микрофлората во вагината.
Правило 4: Кондоми
Без кондоми не треба да имате секс по породувањето. Покрај тоа што ќе ве заштитат од непланирана бременост, тие ќе ве заштитат и од инфекции.
Да, вашиот партнер најверојатно нема да биде среќен, но за ваше добро ќе прифати одреден период да користите ултра тенки кондоми.
Правило 5: Закрепнување на мускулите
На почетокот ќе мислите дека сега е многу пошироко од претходно, но набрзо ќе сфатите дека работите се враќаат во првобитната состојба и ќе се чувствувате како секси божица.
Инаку, вагиналниот канал спореден пред бременоста и 2 месеци по породувањето е само неколку милиметри поширок. Најмногу страдаат мускулите, кои го опкружуваат вагиналниот канал и даваат чувство на цврстина.
За среќа, состојбата може да се врати во нормала, а дури и подобри со правење на интимна гимнастика, како што се кегеловите вежби. Тоа ќе го направи вашиот партнер задоволен, а вас ќе ви помогне да се чувствувате посамоуверено и посекси.
С. С. | Црнобело