Секс-фетишите се почести отколку што може да замислите - Кој е најпопуларниот?
Сосема е нормално да се има сексуален фетиш, а според сексолозите, сè додека во него се вклучени само возрасни личности, не е ни важно каков е.
Иако постојат многу луѓе кои кај себе идентификувале најмалку еден фетиш, најголем број од нив сè уште не се чувствуваат удобно со своите нагони. Ова се случува поради стигмата и општествените предрасуди.
Кога се работи за сексот, ако нешто не е општо прифатено како нормално, не значи и дека воопшто не е нормално. Сепак, има и фетиши кои може да бидат бизарни и проблематични, но се многу ретки.
Сексуално активните луѓе се поделени околу ова прашање. Фетишите ги интригираат, но сепак ги отфрлаат. Над 40% од сексуално активните луѓе кај себе може да детектираат барем еден фетиш. Но, она што за едни е фетиш, за други не спаѓа во таа група.
Најголемиот дел од нив му откриле на својот партнер за фетишите и тоа во добар процент помогнало за подобар секс и повеќе разбирање меѓу партнерите.
Фетиши кои привлекуваат најмногу интерес
Фетишите кои вклучуваат обезвреднување, доминација, надмоќ и понижување се најпопуларни кај сексуално активните луѓе на сите возрасти.
Се чини дека дури и оние кои се на почетокот на својот сексуален живот би започнале со овој фетиш, пред да откријат кој е поточно нивниот.
Најголемиот дел од луѓето кои се свесни за своите фетиши, се сосема самоуверени и мирни во однос на тоа. Интересен податок е и дека најголемиот дел се позаинтересирани за субмисивна улога, отколку за доминантна.
Сепак, фетишите не се тема за која луѓето отворено зборуваат. Но, колку побрзо се симне стигмата од нив, толку полесно ќе се разбере уникатноста на секој сексуален однос и неговата убавина.
Е. Д. | Црнобело