11 навидум безопасни женски навики кои им ја убиваат љубовта на мажите
Дали постојано му го нарушувате личниот простор и очекувате да исполни ветувања, кои воопшто не ви ги дал?
Многу од браковите се распаѓаат поради недостиг од почит, рушење на самодовербата на партнерот и негативно влијание врз неговото расположение.
Сето ова се случува поради некои работи кои ги правиме погрешно.
Кои потези на жените водат до рушење дури и на најцврстите врски:
Нарушување на личниот простор
Жените се посоцијални и на почетокот од бракот ова им изгледа забавно, но мажите навистина сакаат заштита на личниот простор и мир на некои места.
Користење на телото како оружје
Манипулациите со заводливата моќ на жените имаат краткотрајни ефекти. Ако сексот го користите како уцена, нема да добиете поени.
Детско однесување
Жалење со часови, бура од емоции за банални работи и импулсивност се навики кои ќе го оттурнат мажот од вас.
Поставување загатки
Кажете ги работите јасно и на глас, ако не сакате да бидете сфатени погрешно.
Глумење жртва
Во ред е на моменти да сме нежни и наивни за тој да се почувствува како наш заштитник, но глумењето жртва постојано е непривлечно.
Поставување на опасни прашања
Откажете се од постојаната практика на поставување прашања на кои се знае кој одговор го очекувате. „Поубава сум од Анџелина Џоли, нели?“, „Здебелена сум?“ итн.