Зошто сексот ви е лош?
Сексот за жал не е секогаш така совршен како што ние би сакале и како што сме си го замислиле. Постојат неколку најчести причини кои влијаат...
...негативно на сексуалното искуство.
1. Наговарање. Ако еден од партнерите постојано моли и наговара за секс, тоа секако не е знак за взаемна желба. Можеби партнерите си здодеале, а може и да е знак на лош секс. И двајцата се чувствуваат непријатно заради лошиот секс, чувството дека партнерот сака почесто да има односи отколку вас, често е знак за сексуална криза. Честите изговори (главоболка, умор, лошо расположение) се аларм дека во вашата врска нешто не е во ред.
2. Рутински секс. Секогаш истите пози, иста предигра. Со тек на време ова станува здодевно. Ако имате секс само за да ги задоволите потребите, а не и реално да уживате во него –променете го ова. Сменете поза, воведете новини во сексуалниот живот. Рутината е смрт за добриот секс.
3. Замарање со сексуалниот живот на другите. Се додека во глава ви се врти активниот сексуален живот на пријателката или секси играчките кои ги користат со партнерот – никогаш нема да се опуштите доволно за да уживате со вашиот партнер. Нема потреба бесмислено да се натпреварувате со другите. Во ваш кревет бидете свои. Во спротивно тоа е знак за недостиг на сексуална самодоверба која е една од клучните причини за лош секс. Воведете сексуална креативност и фантазија.
4. Егоистичен или лош љубовник. Понекогаш се е совршено, а сепак завршува со лош секс. Причината може да е лошиот љубовник кој не се грижи за вашите желби и уживање, а можеби и сте немале среќа па сте наишле на неискусен љубовник. Со тек на време ќе го научите на вистинските потези, и воочете му што сакате, а во што не уживате за време на сексот.