Што значат машките звуци во текот на сексот?
Како што некои жени врескаат и вриштат во кревет, така постојат и фраери кои се прилично бучни за време на интимните односи. Какво значење имаат разните звуци што ги испуштаат припадниците на посилниот пол?
Налик на девојките, момците имаат цел репертоар на звуци кои ги произведуваат во постелата. А, некогаш партнерот останува сосема тивок.
Како ова е поврзано со интимата на љубовната двојка?
Еве што значат машките звуци во текот на сексот:
Зборување
Кога партнерот честопати кажува запаливи фрази во кревет, тогаш голема е веројатноста дека го возбудува безобразниот говор. Позборувајте со него на оваа тема. Можеби сака да слушне нешто „валкано“ и од вас во текот на сексот.
Молчење
Љубениот спаѓа во тивките ликови? Не грижете се. Дури да не испушта ни глас при разменувањето нежности, ова не значи дека не му е убаво со вас. Напротив. Ако е молчалив, тогаш може полесно да го одложи и контролира оргазмот.
Смеење
Доколку мажот се смешка и кикоти за време на интимните односи, можеби едноставно е скокотлив. Да не случајно го допревте на чувствително место? Следниот пат припазете, внимавајќи да не го чепнете одново, во осетливата ерогена зона.
Воздивнување
Ако партнерот гласно вдишува и издишува при водењето љубов, веројатно се наоѓа пред свршен чин. Па, доколку сакате миговите на задоволство да потраат уште некое време, тогаш потребно е да го примирите и полабаво да се движите.
Викање
Што кога мажот звучи како ранета дива ѕверка при сексуалната игра? Тогаш навистина ужива со партнерката во кревет. Може целосно да се опушти покрај неа, како и да ја покаже својата животинска страна. А, силните викотници се одраз на задоволството што го чувствува во моментот.
М. A. | Црнобело