Три мисли кои секој ги има за време на секс и како да се ослободите од нив?

Сексот е нормална работа во секоја врска, но некогаш токму мозокот може да се пошегува со вас и да ви го уништи целокупното искуство.

tri-misli-koi-sekoj-gi-ima-za-vreme-na-seks-i-kako-da-se-oslobodite-od-niv-01.jpg

Ако ви бегаат мислите кон други теми додека сте со партнерот во кревет, можеби се запрашувате дали е сè во ред со вас.

Некои мисли е нормално да ги имате за време на сексот, но некои можат целосно да го расипат задоволството.

Ова се трите најчести мисли кои речиси секој ги имал за време на сексуалните односи:

1. Несигурност поради изгледот на телото

Со самото тоа што веќе сте таму каде што сте, треба да бидете сигурни дека сте му привлечни на партнерот и дека најверојатно не ги ни забележува недостатоците поради кои сте несигурни.

И како да е тоа малку, почнувате да се грижите дали можеби мирисате чудно или непријатно или дали ќе успеете да постигнете оргазам.

Со тие мисли веројатно нема да успеете, па затоа морате да се релаксирате од овие мисли и да уживате во сексот.

tri-misli-koi-sekoj-gi-ima-za-vreme-na-seks-i-kako-da-se-oslobodite-od-niv-04.jpg

2. Се грижите дека имате чудни и настрани фантазии и фетиши

Доколку партнерот не покаже дека нешто не му се допаѓа, тогаш најверојатно не правите ништо погрешно, ниту пак претерувате со желбите и фантазиите.

Сексот е одличен за да можете длабоко од својата потсвест да ги извлечете фантазиите и фетишите и да експериментирате, бидејќи нивното притајување ви одзема повеќе енергија.

Внимавајте тоа да биде пријатно и за двајцата, а не само за едниот од вас.

tri-misli-koi-sekoj-gi-ima-za-vreme-na-seks-i-kako-da-se-oslobodite-od-niv-03.jpg

3. Дали можеби не уживам во сексот?

Дали ви се случило на средина на акцијата да сфатите дека всушност не уживате во тоа? Бидете мирни, бидејќи тоа не е до вас, туку во секоја врска се случува на партнерите да не им е денот поради некоја причина и тоа да влијае врз задоволството.

Иако е малку разочарувачки, сосема е нормално да не уживате секогаш во сексот и не треба да се чувствувате лошо поради тоа.

Исто така, нека ви биде мотив да размислите дали можеби треба да внесете повеќе динамика во односот.

tri-misli-koi-sekoj-gi-ima-za-vreme-na-seks-i-kako-da-se-oslobodite-od-niv-02.jpg

Како да се ослободите од овие негативности?

Ако е во прашање нешто моментално, од ваквите мисли ќе се ослободите уште пред да имате секс нареден пат.

Но, доколку траат подолг период, потребно е да почнете да применувате вежби за прифаќање на своето тело, како и на сè она што сте вие во интимните моменти.

Започнете со искажување љубов и разбирање кон себе и ќе се изненадите за колку кратко време ќе успеете да се релаксирате и да уживате во сексот.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg