2006 година разделба, 2008 свадба, 2014 неверство: Целата љубовна приказна на Бијонсе и Џеј Зи
Од спонтани абортуси, неверства и инциденти до 3 дечиња, романтика и милионски турнеи...
Бијонсе и Џеј Зи се еден од најпознатите парови во светот, сепак тие се трудат колку што можат деталите од нивната љубовна приказна да ги чуваат во тајност.
Понекогаш си разменуваат пораки преку стиховите од нивните песни, понекогаш јавно говорат за нивните брачни бродоломи, но често и само мудро молчат.
Нивната љубовна приказна:
1999-2000: Парот се запозна
Точниот датум не се знае, но во едно интервју Бијонсе изјави дека се запознале кога имала 18 години, па средбата би била помеѓу септември 1999 и август 2000.
2001: Започнаа да се состануваат
Бијонсе откри дека биле пријатели година и половина пред да излезат на љубовен состанок.
2002: Започнаа да соработуваат
Иако сè уште се обидуваа да го убедат светот дека не се состануваат, тие ја издадоа песната „03 Bonnie & Clyde“, снимија спот и тоа беше првата од нивните многубројни соработки.
2003: Излезе „Crazy in Love“
Нивната иконска песна која доби и Греми ги прикажа пред светот искрите меѓу нив, но тие својот приватен живот сè уште го држеа на страна. Подоцна беше откриено дека на ова ги советувала Опра Винфри.
2004: Беа гледани секаде заедно
Од прегратки до бакнежи, камерите постојано ги ловеа во интимно издание.
2004: Нивното деби на црвениот тепих
Веќе на сите им беше јасно дека се заедно, па Бијонсе и Џеј Зи првпат заедно се појавија на црвениот тепих на MTV музичките награди во Мајами.
2006: Бијонсе споменуваше дека сака свадба
Во интервју за Cosmopolitan Бијонсе изјави дека има свадба на ум, дека тоа почнало да ѝ се врти во глава по свадбата на сестра ѝ.
2006: Стиховите укажуваа дека врската им е на стаклени нозе
Среќата траеше кратко, па Џеј Зи во песната „Lost One“ рапуваше дека изгледа не им е судено (I don't think it's meant to be, B / But she loves her work more than she does me / And honestly, at 23 / I would probably love my work more than I did she.) Потоа во едно интервју изјави дека врската на луѓе што се еднакви, во поглед на успехот во животот и кариерата, е тешка, но вреди.
2007: Гласини за свршувачка
Почнаа гласини дека Џеј Зи ја запросил на нејзиниот роденден.
2008: Парот се венча
Направија тајна церемонија на 4-ти април 2008 година. Деталите од свадбата дури подоцна ги откриваа во медиумите.
2010: Гласини за бременост
Бијонсе одмораше од јавниот живот за да се посвети на семејниот и во овој период имаше спонтан абортус. Тоа го откри дури 2 години подоцна во еден документарен филм.
2011: Очекуваа бебе
Среќните вести дека го очекуваат своето прво дете Бијонсе ги откри на MTV VMA во 2011 година и тогаш беа гласините дека таа не го носи своето прво бебе, туку има лажен труднички стомак.
2012: Се роди Блу Ајви
На 7-ми јануари 2012 година се роди нивната ќерка.
2013: Излезе документарниот филм „Life Is But a Dream“
Парот проговори за сите предизвици со кои се соочил, а Бијонсе во документарниот филм се отвори за тешкотиите со бременоста.