Постојат вкупно 10: Препознајте каков тип на либидо поседувате
Умеењето да се препознае типот на своето либидо ќе ви помогне полесно да ги усогласите сексуалните енергии со партнерот.
Сексуалната енергија е различна кај секоја личност, а некогаш може да се случи да ја препознаете својата дури и по години и години сексуална активност.
Постојат 10 основни типови на либидо, според кои ќе можете да дефинирате какви сте вие и како се вклопувате со партнерот во овој поглед.
Ова се 10-те основни типови либидо кои ги имаат луѓето:
1. Сензуално
Го имаат луѓето на кои им е поважна емоционалната интимност отколку сексуалното задоволство. Поради тоа често мислат дека партнерот не е доволно заинтересиран за нив и дека не ги дели истите емоции. Потребен е компромис и од двете страни, што се решава со отворен разговор.
2. Еротско
Овој тип на либидо често се идеализира во филмовите и поради тоа многумина очекуваат дека секој секс ќе биде исполнет со страст и желба за испробување нови нешта. Доколку не сте во врска со партнер со вакво либидо, можеби треба да пружите малку нежност и разбирање.
3. Нервозно
Се манифестира кај луѓе кои го користат сексот за да се ослободат од секојдневните стресови. Тие можат да бидат навистина нервозни доколку на некој начин им е ускратен сексот. Едно од можните решенија е наоѓање друг начин на релаксација.
4. Доминантно
Овие лица веруваат дека должност на партнерот е да им пружи сексуално задоволство какво што посакуваат. Тие цврсто веруваат во таквата задача на партнерот, без да мислат дека и тие на некој начин треба да вратат и дека добрата врска вклучува и компромиси.
5. Зависно
Многу редок тип, но сепак постои. Се појавува кај луѓе кои се емоционално несигурни и на кои им е потребно некого сексуално да привлечат за да можат да ја зацврстат разнишаната самодоверба.
6. Реактивно
Најголемо задоволство за нив е кога ја исполнуваат секоја сексуална желба или потреба на партнерот. Уживаат кога го гледаат неговото задоволство и тоа им е доволна потврда дека се добри во кревет. Но, треба да сфатат дека некогаш е добро и да ги стават и своите потреби пред другите.
7. Под притисок
Овој тип либидо е повеќе застапен кај мажите, особено поради желбата да не потфрлат за време на секскот. Поради тоа, тие се често изложени под стрес, знаејќи го фактот дека не можат да одглумат оргазам.
8. Незаинтересирано
Постојат многу причини од биолошко и емоционално потекло кои ја убиваат желбата за секс. Кај некои е природно ниска, а кај други се намалува колку е подолга врската. Тоа е лошо за партнерот, кој може да се чувствува отфрлен. Затоа е добро да се поработи на разгорување на страста и да се воведе повеќе интимност.
9. Оттуѓено
Се појавува кај оние кои без проблем можат да имаат сексуални односи, но не се зближуваат со партнерот. Тоа може да биде последица на многу фактори, како што се стресот или семејните проблеми, кои сексуалното задоволство го фрлаат во втор план.
10. Компулсивно
Ова е редок и многу комплициран тип. Оние кои го имаат, уживаат само во одредени сексуални ритуали и им се потребни играчки и други еротси материјали за да се возбудат. Притоа, поважно им е да ги задоволат своите внатрешни побуди, отколку да остварат емоционална врска. Некогаш партнерот се вклучува во оваа игра, но не треба да очекуваат дека секогаш ќе го прави тоа.
Е. Д. | Црнобело