Идеи за летни љубовни состаноци на отворено
Дали често ви се случува кога треба да се видите со партнерот да одберете да седите дома под клима наместо да излезете некаде?
Или, доколку живеете заедно, да не мрдате од дома и врската да ви станува монотона?
Секако, топлите денови се вистински предизвик и сите би одбрале да гледаат филм дома наместо да се „печат“ во кафуле.
Сепак, доколку сте малку повеќе авантуристи или ви се смачило седењето дома, постојат начини како да внесете свежина во секојдневието со партнерот.
Потребни ви се само идеи кои ќе ве потсетат што сè може да правите и со какви активности може да си го исполните слободното време со партнерот и да се забавувате.
Ви нудиме идеи за летни љубовни состаноци, а вие направете листа од најзабавните и обидете се да ја исполните до крајот на летото.
Поголем дел од нив може да ги искористите и додека сте на одмор:
Одете на организирана кино вечер во парк
Или, ако не ви се чека таков настан, направете си кино во двор или на тераса
Учете и натпреварувајте се во качување вештачки карпи
Искористете ги слободните денови за планинарење и уживање на свеж воздух
Или соберете се неколку парови и одете на рафтинг на Тара
Доколку не сте спортски тип, направете си пикник на планина или плажа
Посетете некој воден парк и уживајте во летните лудории на вода
Или, ако најдете некој забавен парк во близина – вратете се во детството
Ако сте авантуристички настроени, поминете еден ден во пукање со ласери
Оние кои преферираат дружби, може да организираат скара во двор или на тераса
Направете си спонтано еднодневно или викенд патување со автомобил или мотор и истражувајте
Бидете романтични и искористете ги летните вечери за гледање во ѕвездите
Посетете ја зоолошката градина ако не е екстремно топло и забавувајте се со животните
Ако живеете заедно, може да одвоите време на забавен начин да си го уредите дворот или терасата
Земете пива или вино и одете на некој кров за незаборавна вечер
Или купете ги потребните пијалаци и правете си коктели на отворено
Посетете некој концерт или настап и забавувајте се без ограничувања
Одете на нуркање и направете супер фотки
За незаборавно искуство летајте со падобран
Ако е екстремно топло, секогаш постои можност да ја наполните кадата и да уживате во задоволствата
М. М. | Црнобело