Правила кои треба да ги следите со партнерот ако сакате брак без проблеми

За да имате среќен и успешен брак важно е да имате големо разбирање, но и да почитувате одредени правила кои никогаш нема да ги прекршите.

pravila-koi-treba-da-gi-sledite-so-partnerot-ako-sakate-brak-bez-problemi-01.jpg

За тоа, потребно е однапред да договорите одредени работи и двајцата да се водите според нив во бракот за секојдневието да не ве промени и уништи.

Затоа, направете си ваш договор, со неколку правила кои ќе мора секогаш да ги почитувате како единство и ќе ве направи посилни и посреќни.

Правила кои секогаш треба да ги следите за среќен брак:

Спалната соба е само за вас двајца

  • Телевизорот не припаѓа во спалната соба. Наместо да гледате телевизија, подобро е да разговарате со партнерот за вашиот ден или да се посветите на зацврснување на интимните односи.
  • Деца поголеми од 1 година и миленичињата треба да спијат одвоено, а не во вашиот кревет. Колку и да ги сакате, тие го нарушуваат интимниот простор на парот.
  • Однапред договорете дали би било проблем ако самите вие некогаш спиете одвоено (заради ‘рчење на партнерот и слично).
  • Од време навреме, на пример 2 пати годишно, партнерите треба да разговараат за сексуалниот живот и да видите дали има проблем, со цел да го поправите.

pravila-koi-treba-da-gi-sledite-so-partnerot-ako-sakate-brak-bez-problemi-02.jpg

За односите со роднините не треба да има жртви

  • Смислете си таен збор што ќе ви служи како код и сигнал што само вие ќе го разбирате. Па така, кога еден од родителите ќе ви дојде преку глава, кажете го зборот, тргнете се на страна, разговарајте сами, смирете се и решете ја ситуацијата без да навредите некој од родителите и да се истурите на нив.
  • Никој од сопружниците не е должен да носи/користи по секоја цена нешто што родителите на партнерот им го дале .
  • Родителите на партнерот не треба да се појавуваат пред врата ненајавени .
  • Одлучете колку често ќе ги посетувате роднините и колку често тие ќе ви доаѓаат. Тоа не треба да ви биде непријатно – ваша одлука е.
  • Договорете се околу степенот до кој вашите родители и роднините ќе се мешаат во вашиот семеен живот и одгледувањето на вашите деца.

pravila-koi-treba-da-gi-sledite-so-partnerot-ako-sakate-brak-bez-problemi-03.jpg

Однапред направениот договор е за да се избегнат непријатни изненадувања

  • Пред бракот направете си листа со забранети подароци. Разговарајте за работите кои не ве усреќуваат за да немате разочарувања во иднина, колку и да звучи лошо.
  • Однапред договорете што за вас значи идеален одмор за да немате кавги кога ќе дојде на ред тоа. Ако едниот сака излежување на плажа, а другиот сака екскурзии, најдете однапред компромис и договарајте се како ќе ги поминувате одморите за на двајцата да ви биде убаво.
  • Иако и ова звучи чудно, добро е однапред да разговарате за начинот на живот и исхрана, како и за дебелеењето. До која тежина би било нормално да одите и каде треба да поставите граница и двајцата да се посветите на враќање во форма.
  • Ако двајцате сте возачи, направете си услуга со играта „трезен возач“. Ако едниот од вас оди на забава, другиот не смее да пие и ќе биде задолжен да вози и слично.
  • Секој час поминат на социјалните мрежи кога треба да седите еден со друг и да си посветувате време, може да го казнувате со 10 минути разговор за врската и проблемите или нешто друго.

pravila-koi-treba-da-gi-sledite-so-partnerot-ako-sakate-brak-bez-problemi-04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg