Зошто сексот некогаш престанува да биде уживање?
6. Стрес
Дури и вагиналните мускули се подложни на грчење кога вашиот ум е оптоварен, а психата ви е под стрес. Поради тоа, може да се случи подолго време да бидат стегнати мускулите на вагиналните ѕидови, што може да биде непријатно и за двајцата партнери.
Во тој момент, наместо во кревет, обидете се да се релаксирате на поинаков начин - прошетка, заедничка бања или фина вечера.
7. Лош избор на храна
Освен алергиски реакции, некои видови храна може да предизвикаат различни чувства на непријатност, од пецкање до блага потреба за постојано мокрење, особено ако се работи за лута или зачинета храна или ако сте испиле многу течности.
8. Надарен партнер
Постојат мажи кои може да се пофалат со натпросечна големина на својот полов орган, што може да биде вистински предизвик, бидејќи вагиналниот канал е со „ограничен простор“.
Најдобро е да се посветите на предиграта, за да може вагиналните мускули целосно да се релаксираат, а доколку сте на почеток на сексуалните односи со овој партнер, обидете се наместо интензивно, да го правите тоа полека, затоа што ви е потребно да се прилагодите на таа големина.
9. Предолго време поминато во седечка положба
Предолгото седење може да предизвика неправилен доток на крв во вашиот карличен дел, но и непријатно грчење на мускулите. На тој начин, настануваат мали деформации во пелвичната празнина, кои сами по себе не се страшни, но може да влијаат врз сексуалниот живот.
Обидете се да правите вежби и да се раздвижувате, за да ја избегнете оваа непријатност.
10. Претесни панталони и фармерки
Болните сексуални односи многу често се последица на тесните панталони и фармерки, кои неприродно притискаат врз срамните усни и клиторисот. Можеби треба да размислите да се откажете од ваквиот модел панталони, за да можете да уживате во сексот непречено.
Е. Д. | Црнобело