7 сексуални фантазии кои сите ги имаме во лето (18+)
Можеби помислувате дека сексуалните фантазии не се поврзани со годишните времиња, но вистината е дека во голема мера зависат токму од временските прилики кои нè опкружуваат.
Кога температурите се толку многу високи, денот трае подолго, сигурно не се замислувате со партнерот во кревет, покрај камин, покриени со ќебенце, нели?
Концептот на сексуалните фантазии во голема мера зависи од годишното време, а летото е скроено за нив, како една бесконечно долга секс фантазија.
Овие сценарија се особено пожелни и посакувани за време на летниот период:
Секс на плажа
Не доаѓа и како преголемо изненадување, нели? Дури и добропознатиот коктел кој го носи истото име може да ви биде од помош да ја започнете оваа летна секс фантазија.
Можете да бирате помеѓу врелиот песок и некоја сенка, удобно скриени под крпите во текот на денот, или некоја мала напуштена плажа откако ќе се спушти ноќта со романтичен поглед кон ѕвезденото небо.
Секс во базен, езеро или море
Впрочем, во водена површина поголема од онаа која ја опфаќа вашата када дома.
Едноставно овие сексуални фантазии се неминовни во лето, а секогаш има доволно опции за избор. Вам ви останува само да ги ослободите инхибициите и да се опуштите.
Секс на отворено
Генерално, идејата за влажен, леплив секс на отворено на многумина им е непривлечна, но во летниот период е сосема оправдана.
Условите го поттикнуваат овој тип на секс кој одвреме-навреме може да делува исклучително стимулативнo, иако вклучува одредена доза ризик во себе, но и (да признаеме), многу адреналин.
Секс за време на кампување
Понесете само една вреќа за спиење. Доволно е кажано. Откако ќе се стемни и температурите ќе се спуштат, време е да се загреете, а има ли нешто повозбудливо од секс на кампување под заедничката вреќа за спиење?
Секс во чамец, на брод или јахта
Пловен објект е во фокусот на оваа секси фантазија. Сите имаат доволно простор и даваат интимност во која ќе може да уживате без да се плашите од несакани воајери. Само замислете си ги нежните бранови кои како вибрации го нишкаат чамецот или бродот во којшто сте заедно со партнерот.
Секс во куќа на плажа
Доколку ја делите со повеќе пријатели, треба да бидете особено тивки и внимателни, но и овој вид на секс со себе носи извесно задоволство.
Погледот од куќата и звуците на брановите кои допираат до вас ќе го направат овој чин исклучително романтичен и незаборавен.
Секс на изгрејсонце
Одберете ја која и да било локација од погореспоменатите, само добро истемпирајте го периодот. Фатете дел од ноќта која полека заминува и секако, утринското изгрејсонце.
Нема нешто повозбудливо од утрински секс со првите сончеви зраци.
(О)Милена | Црнобело