Чудното правило со кое Никол Кидман ја одржува среќата во бракот цели 12 години
Никол Кидман и Кит Урбан се едни од најиздржливите славни парови, а неодамна ја прославија и 12-годишнината од брак.
Зборувајќи за магазинот Parade, 51-годишната Никол Кидман откри дека со сопругот имаат едно важно правило за среќа.
„Никогаш не си пишуваме пораки. Постојано зборуваме или комуницираме преку FaceTime, но никогаш не си пишуваме пораки, бидејќи така може да настанат големи недоразбирања.
Ми се случувало порано да читам стари пораки и да анализирам што ли му значеше ова? За потоа да побарам мислење од некој друг можеш ли да ми преведеш што му значи ова?
Не сакам да има трети лица помеѓу мојот сопруг и мене.“
Парот стапи во брак во Сиднеј во 2006-та година, и иако оттогаш па досега имаше многу шпекулации за неверства и развод, љубовта очигледно е стабилна.
Би издржале во љубовната врска почитувајќи го правилото на Никол и Кит?
М. Д. | Црнобело