Честиот секс разубавува
Среќната насмевка по лудата ноќ помината меѓу чаршавите не открива колку ни било добро минатата вечер. Но, сексот не влијае само на нашето...
...расположение. И тоа како влијае на нашето здравје и изглед. Румени образи, затегнати мускули, забавен процес на стареење – и уште многу позитивни ефекти на сексот врз нашата убавина.
Кои се предностите на добриот секс?
1. Оружје против стареење. Шкотското истражување покажало дека сексот го забавува процесот на стареење.
Ако 3 пати дневно уживате во сексот, може да изгледате и 5 години помлади. Се засилува имунолошкиот состав и го намалува ризикот од срцеви заболувања.
2. Сјаен тен. Хормонот на среќа се лачи за време на секс и ги намалува оштетувањата од никотинот и сонце.
3. Зацврстени мускули. Сексот го затегнува целото тело. Посебно задникот, нозете, стомакот и рамениците.
4. Топи калории. Заборавете на лентата за трчање. Опуштен и добар секс со предигра кој трае 30 минути согорува околу 350 калории, а 12 калории се губат само со бакнување.
5. За подобар сон. Го регулира биоритамот и наутро се будиме свежи со насмевка на лицето.