Исповед за животот без секс: Како е да се биде асексуалец?

Michael Doré отворено говори за сите дилеми во младоста, за чувствата со кои се соочувал и сомневањата во неговата глава околу тоа зошто не чувствува сексуална страст кон никого.

ispoved-na-eden-maz-shto-znachi-da-se-bide-aseksualec-01.jpg

Кога Michael Doré одел во средно училиште сфатил дека е поинаков од другите. Сите момчиња ги меркале девојките и зборувале која од нив би сакале да им биде партнерка, да ја бакнат, па и да имаат секс со неа, но тој не се чувствувал така.

Тој ги ценел врските со жените, но како ништо повеќе од пријателства. Низ глава му минала и можноста да не е хомосексуалец, но знаел дека не бил. Не чувствувал сексуална привлечност ниту кон мажите.

Не чувствувал сексуална привлечност воопшто.

Со текот на времето, Doré сфатил дека е асексуалец и сега работи на проектот „Asexual Visibility and Education Network“ (AVEN) и е свесен дека постои цела заедница на луѓе како него. Неговата приказна е честа појава кај асексуалните луѓе.

ispoved-na-eden-maz-shto-znachi-da-se-bide-aseksualec-03.jpg

Многу асексуалци уште од млади години се чувствуваат како да не се вклопуваат и почнуваат да се преиспитуваат. Но, не сите асексуалци доаѓаат до откритието на тој начин, вели Doré.

Некои од нив имаат секс и не е дека го мразат, но често не се чувствуваат посебно за време на сексот и се подеднакво среќни и ако немаат секс. Не се грижат дали имаат секс или не, а понекогаш имаат секс само колку да го задоволат партнерот.

Потоа, постојат и луѓе кои апсолутно не сакаат да имаат никаква врска со сексот.

ispoved-na-eden-maz-shto-znachi-da-se-bide-aseksualec-02.jpg

Асексуалноста е спектар, не е црно или бело. Сите овие типови на луѓе се асексуалци. Како што има многу голем спектар на идентитети помеѓу хетеросексуалец и хомосексуалец, така е и помеѓу асексуалноста и сексуалноста.

Постои и т.н. демисексуалност, која се нарекува и „полусексуалност“ или „сива сексуалност“. Овој поим означува состојба во која една личност може да почувствува сексуална привлечност кон некој друг, но само под услов да постои и силна емоционална врска.

Сепак, строги дефиниции не смеат да постојат, а терминот асексуалност не значи дека мора да се однесувате според строго фиксирани правила, туку постои за да им помогне на луѓето да се разберат себеси и да сфатат низ што минуваат.

Главната цел на организациите за асексуалци како AVEN е да направат јасна разлика помеѓу асексуалноста и целибатот. За разлика од целибатот, асексуалноста е сексуална ориентација, а не избор. Станува збор за тоа што ве привлекува, а што не, а не за тоа какви морални вредности имате.

Ако некои луѓе се чуваат за брак поради религиозни причини на пример, тоа не значи дека се асексуални (тие чувствуваат сексуална привлечност, но се контролираат).

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Исповед на жена: „30 години бев во брак со зависник од секс – животот ми беше пекол“ „Додека бевме млад пар, водени од љубовта и страста си мислев: ‘Боже, сигурно мн...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg