8 ситуации кога вашето и телото на партнерот „врескаат“ дека не сте еден за друг
Дали често има повеќе од 45 сантиметри дистанца помеѓу вас, дали често ги држите веѓите собрани кога сте со партнерот и имате нееднакво темпо на движење?
Веќе добро знаете дека говорот на телото е универзален начин на комуникација без зборови. Во комбинација со тонот на гласот, тој може да влијае многу повеќе на вашата врска отколку зборовите што ќе си ги кажете со партнерот.
Често поради премор и стрес не обрнуваме внимание на говорот на телото, дури и кога тоа „вреска“ дека сме избрале погрешен партнер.
Ситуации кога вашето и телото на партнерот „врескаат“ дека не сте еден за друг:
Дистанца еден од друг
Идеална раздалеченост еден од друг е од 0 до 45 сантиметри. Ако едниот партнер постојано се оддалечува од оваа интимна зона или не сака да го допре или фати за рака другиот, тогаш врската не е најсјајна.
Нееднакво темпо на одење
Еднаквото темпо на одење говори за внатрешна синхронизација на партнерите. Вљубените парови потсвесно имаат исто темпо и се поврзани како со невидлив конец.
Ако хармонијата е срушена, тоа посочува на проблеми кај парот.
Недостиг на насмевка
Постојаното муртење кон партнерот покажува дека потсвесно чувствувате дека сте супериорни во врската. Во здрава врска партнерите се еднакви.
Па, така ако постојано си праќате погледи како стрели и немате насмевки на лицето кога сте заедно, треба да размислите.
Затворени пози
Прекрстени нозе и раце покажуваат дека се чувствувате отсечени од одредена ситуација или уште повеќе од личноста со која треба да сте најсилно поврзани.
Ако грбот ви е свиткан, а рацете во џеб, јасно покажувате дека не сте заинтересирани за партнерот.