Правила на однесување кои ги научиле паровите кои не се караат за ситници
Очигледно дека новите генерации не знаат како да изградат здрава врска, полна со почит, љубов и разбирање.
Разводите стануваат сè почеста појава и со чест на исклучоци, повеќето од нив се без некоја сериозна причина.
Многу парови знаат да направат сериозна караница и од најмала ситница, без потоа да знаат како да го решат проблемот.
Психолозите споделуваат неколку начини на однесување од паровите кои успеале да најдат начин да не се караат за ситници и да ги надминуваат конфликтите смирено.
Можеби некои од нив ќе ве променат:
Понекогаш може да си легнете лути
Многумина се преокупирани со правилото во кое сите веруваат дека не смее да си легнете скарани.
Но, тоа може да биде голема грешка. Ова однесување има два исхода – во најдобар случај, расправањето навечер ќе доведе до одложување на проблемите, а во најлош случај, ќе предизвикате уште поголема кавга.
Психолозите велат дека нема ништо лошо во тоа некогаш да си легнете скарани, да си ја изладите главата, а следниот ден, смирено да го решите проблемот многу полесно.
Не избегнувајте допири и убав разговор
Колку пати кога сте биле лути сте му кажале на партнерот „не ме допирај“? Веројатно, тоа доаѓа природно, бидејќи кога некој ве лути, последното нешто што сакате е да ве допира и да ви се лигави.
Но, допирот ве потсетува на интимноста и љубовта со партнерот, а тоа може да биде и обично допирање на рацете.
Во таков случај мора да одите против себе и да се сетите дека иако сте лути, сепак се сакате и мора да се смирите за да спречите кавга.
Заборавете на наредбите
Можеби на прв поглед не ви изгледа страшно да му наредите нешто на партнерот, бидејќи живеете заедно и мора заедно да ги завршувате обврските.
Но, самите зборови „мора да го направиш тоа“ предизвикуваат негативно чувство кај партнерот и може да предизвикаат кавга и несогласување околу начинот на третирање.
Најдете хумор во секоја ситуација
Понекогаш кавгите помеѓу паровите се толку сериозни што изгледа како да решаваат некои големи светски прашања, а не обична ситница.
Не дозволувајте обичните секојдневни кавги да ги претворате во толку сериозна работа и обидете се да најдете хумор во секоја ситуација за да ја подигнете атмосферата и да се смирите.
Подобро е да се смеете заедно на вашите глупости отколку да се карате за нив.
Не се плашете од кавги
Иако не се препорачливи често, сепак понекогаш е добро да разговарате околу проблемите кои ги имате, наместо да ги премолчувате.
Расправијата може да биде корисна, но ако ја водите смирено и со правилен начин на изразување, така што двајцата ќе кажете што ви пречи и што сакате да промените и секако, водете се по останатите горенаведени правила.
М. М. | Црнобело