15 идеи за пролетни љубовни состаноци
Пролетта ни донесе многу промени на секое поле, но доколку ја запоставивте љубовта, време е да внесете свежина.
Оваа прекрасна сезона нуди многу идеи за тоа како да го поминете времето со вашиот партнер, а да не западнете во монотонија.
Зависно од тоа каков тип на луѓе сте и какви се вашите интереси, сигурно ќе пронајдете барем неколку идеи кои ќе ви се допаднат за да ја зачините љубовта.
Неколку идеи како да уживате во пролетта со партнерот:
1. Излезете во природа и возете велосипеди или ролерки.
2. Бидете туристи во сопствениот град и истражете интересни места.
3. Наполнете ја кадата и одвојте време само за вас двајца, во романтична атмосфера.
4. Одете на пикник во природа со корпа вкусна храна и вино.
5. Одете на утринска прошетка или трчање – ќе се чувствувате прекрасно.
6. Пронајдете интересни рецепти за на скара и поканете ги пријателите во двор или на тераса.
7. Испланирајте го до последен детаљ вашето следно патување.
8. Одете на дегустација на вино во блиска винарија на отворено.
9. Посетете локален пазар и купете си сезонско овошје и зеленчук, а потоа заедно подгответе нешто.
10. Гледајте филм на отворено, на тераса или во двор, со многу пернички и кебенце.
11. Посетете ја зоолошката градина и сликајте се со животните како кога бевте деца.
12. Доколку се организира во близина, не пропуштајте интересен музички фестивал на отворено.
13. Шетајте во парк и дозволете си секакви слатки задоволства – од сладолед до шеќерна волна.
14. Доколку сте „домаќински“ тип на пар, купете си цвеќиња за садење и разубавете ја домашната градина.
15. Ако сте спортски настроени, закажете си термин и играјте тенис на убаво време.
М. М. | Црнобело