Ако имате голема сексуална сатисфакција во бракот поголема е шансата да бидете неверни
Акцијата во спалната соба значи високо либидо кое може да ве натера да направите неверство.
Истражувачи на Универзитетот во Флорида анализираа 233 млади брачни парови во текот на неколку години и дојдоа до изненадувачки заклучок.
Поголем број на неверства се случувале токму кај паровите кои имале поголема сексуална сатисфакција во бракот. Причината за ова е тоа што тие во глобала се чувствувале попозитивно околу сексот, тврдат истражувачите.
Влијание на неверствата, се разбира, имаат и годините, привлечноста и сексуалната историја на партнерите.
Кај паровите со голема сексуална сатисфакција во бракот, оние помладите и понепривлечните помалку изневерувале од постарите и попривлечните. Ова важи и за мажите и за жените.
Истражувањето покажа дека мажите кои имале поголем број на сексуални авантури пред бракот има помала шанса да останат верни во бракот, додека кај жените е обратно.
Дали се согласувате со резултатите од истражувањето?
С. С. | Црнобело