Зошто секс во јавност?
Забранет е со закон и е казниво, но и покрај тоа луѓето имаат секс во јавност. Не за џабе велат забранетото е најслатко. Зошто луѓето уживаат во...
...сексот на јавни места?
1. Пред очите на јавноста
Некои луѓе уживаат да бидат набљудувани за време на сексот и тоа за нив е вистински афродизијак. Се чувствуваат како порно ѕвезди без сценографија и камера.
Ги возбудува самата помисла дека некој може да ги види, или дека третата личност при гледањето ќе се возбуди.
Тоа е воајерско чувство кое не може да го добиете во спалната соба.
2. Постои можност да ве откријат
Други ги возбудува фактот дека некој во тие моменти ќе ги види и открие. Освен тоа, чувството дека правите нешто забрането дополнително возбудува.
Често пати луѓето го гледаат како нешто злобно, а во исто време и забавно.
3. До секс во јавност водат сплет на околности
Кога ќе ве обземе страста понекогаш е тешко да дојдете до дома и како последица на тоа бирате скриено ќоше надвор каде никој нема да ве види.
Тоа не е ништо лошо и не значи дека сте фетишист кој сака возбудување во јавност. Не грижете се, не сте единствени, но внимавајте да не ве открие некој кој не би требало.
4. Избегнувајте рутина
Многу парови се одлучуваат за секс во јавност за да си го зачинат сексуалниот живот. Исто како што некој купува еротски играчки или играње улоги, други ја бираат оваа “дрска“ варијанта.
5. Немање избор
Тука се и луѓето кои немаа друг избор. Оние кои дома ги чека партнерот кој го изневеруваат, или млади кои делат соба со брат или сестра, строги родители и слично. Тие својата приватност ја делат јавно.