5 работи кои не се нормални во врската
Љубовта е понекогаш слепа. А, честопати ве заслепува и пред нештата кои не би требало да ги прифатите, ниту пак да ги оправдувате. Никогаш и никако.
Иако можеби навидум не делуваат така, ова се петте работи кои дефинитивно не се нормални во врската:
1. Ни малку да не ве радува кога ќе видите дека ви ѕвони
Кога повремените кавги и расправии би ги оставиле настрана, појавувањето на името од личноста со која сте во врска на екранот од мобилниот телефон, по правило треба да ви изнуди насмевка на лицето.
Доколку сè почесто се мрштите кога ви се јавува, значи нешто не е во ред во љубовната врска.
2. Секогаш да ги ставате туѓите пред сопствените потреби
Во нормална врска, „соодносот“ би требало да биде приближно 50:50.
Ако везден размислувате само за желбите на втората половина, себеси се ставате на последно место, а партнерот тоа мирно го прифаќа, не сте во врска која е добра за вас.
Со егоист покрај себе, никогаш нема да бидете вистински среќни.
3. Брзо да испаруваат сите ветувања што ви ги дава
Ако секојдневно ви продава бајки, а ништо не остварува во реалноста, тоа е јасен знак дека партнерот само се обидува да манипулира со вас.
Од празни ветувања не се живее.
4. Секојдневно да пронаоѓате изговори за однесувањето на другата страна
Одредени постапки е можно да се оправдаат. Меѓутоа, за некои од нив, сепак е нужно да подвлечете црта.
Доколку за секоја грешка на партнерот барате алиби, или, пак, дури и честопати се обвинувате себеси, тогаш не сте во здрава врска.
Тоа не е нормално.
5. Самодовербата да ви биде во постојано опаѓање
Среќната врска ве прави полни со себе. Лошата, пак, сосема ве срозува.
Доколку вашата самодоверба е во континуиран пад, голема е веројатноста дека се помирувате со нештата, кои во ниеден случај не би требало да ги прифатите.
Ставете крај на односот што ве деградира.
М. А. | Црнобело