Прекинот е потежок за мажите
Обостраната доверба, падовите и убавите моменти во врската повеќе влијаат на мажите отколку на жените, покажаа резултатите од студијата спроведена...
...на Универзитетот во Северна Каролина, пренесува Дејли Меил.
Во истражувањето учествувале 1.000 испитаници на возраст од 18 - 23 години, а научниците заклучија дека мажите се поранливи од жените кога станува збор за раскинување, иако се трудат да бидат храбри.
Заклучокот е дека неуспешните врски потешко им паѓаат на момчињата, отколку на девојките, само тие својата тага не ја искажуваат во јавност.
Др. Симон која го водеше ова истражување има и логично објаснување за ваквите резултати:
"За младите момчиња, партнерката е примарниот извор на интимност, додека жените се и без тоа многу блиски со семејството и пријателките".
Резултатите исто така покажаа дека и стресот кој е последица на раскинувањата влијае на менталното здравје кај мажите, но и дека во добра врска тие повеќе емоционално 'потфрлаат' отколку девојките.