4 причинители на лош секс
Сексот колку што е добар, толку може и да биде лош. Факт е дека постојат причини кои го прават некомплетен или досаден. Кои 4 нешта се предизвикувачи...
...на лошиот секс? Посветете внимание и видете дали е време да се корегирате.
1. Наговарање
Ако еден од партнерите нон – стоп моли и наговара на секс, тоа секако не е знак за взаемна сексуална желба.
Можеби партнерите си здодеале еден на друг, а можеби токму наговарањето е причината за лош секс.
Еден од партнерите можеби веќе почнал да гледа на страна бидејќи во сопствениот кревет му е премногу досадно.
Ако дојдете до состојба да терате некого на секс – нешто не е во ред. Чувството дека вашиот партнер сака секс почесто од вам е знак на сексуална криза.
Честите изговори (главоболка, болка во стомакот, лошо расположение и умор) се аларм дека во вашата врска не е се во ред.
2. Рутински секс
Секогаш истите движења, истите пози, истото место. Со време станува здодевно. Сепак ова не мора да значи и крај на страстите.
Ако имате секс само за да ги задоволите вашите неделни и месечни потреби, тоа не е секс во вистинска смисла на зборот.
Сексот треба да ве прави посреќни, да ве поврзува и да разбуди љубопитност и желба за новости, за да не ви стане монотоно.
3. Оптеретеност со сексот на другите
Споредување со сексуалните активности на пријателите, порно актерите и не е најдобар пристап кон вашата сексуалност.
Луѓето разликуваат сексуални вкусови и желби и затоа немојте да бидете несреќни ако немате толку и таков секс како другите.
Таквиот бесмислен натпревар нема да ве весели. Сексот станува докажување и игра. Тоа е знак за недостиг на сексуална самодоверба. Очигледно имате недостаток на сексуални фантазии.
4. Егоистичен или лош љубовник
Понекогаш се е совршени, а завршува со лош секс. Причината може да биде непослушен љубовник кој не се грижи за вашите желби и задоволство, а можеби имате и таква несреќа да сте наишле на некој/а неискусна.
Иако со време ќе го/ја научите на вистинските работи, мора да планирате дека патот до одличен секс ќе трае подолго.
Во секој случај, многу е подобро да учите послушен љубовник отколку да ги кажувате своите желби на некој кој нема никаков слух за добра предигра и единствена цел му е неговиот оргазам кој води до – ваше незадоволство.