Како влијае прекинот на врска
Прекинувањето на врската најчесто е непријатен и болен чин, но заедно со тоа доаѓаат и некои длабоки психолошки промени во нас самите. Партнерите кои се...
...во врска заеднички создаваат пријателства, активности, па дури и сопствената перцепција.
Студијата на научниците која беше објавена во списанито “Карактерот и Социјалната психологија” истражува како луѓето се менуваат после прекинувањето на врската, односно менувањето на разбирањето за сами себе.
Се покажало дека луѓето после прекинувањето на врската тешко можат да дојдат до сознание за тоа кои се всушност тие, додека пак таквите нејаснотии можат да доведат до емоционално нарушување и болка.
Прекинувањето на врската има повеќе психолошки последици, вклучувајќи го и настојувањето на луѓето да се променат себе и чуството дека самите тие се помалку вредни.
“Кога врската ќе се заврши, луѓето не осеќаат болка само поради губењето на партнерот туку и поради промените кај нив Ова истражување е прво кое покажува единствено влијание на намалена јасност за тоа кои сме ние и емотивната болка која е последица по раскинувањето", е заклучокот на авторите на оваа студија.