Најчести несреќи со кондоми
Најчест начин на контрацепција и понатаму е кондомот. Практичен, сигурен и речиси секаде достапен без рецепта. Можете да бирате величина, вкус...
...додатоци, лубриканти, ребраста структура и што ли уште не. Сепак и при користењето кондоми може да дојде до несреќа.
Како да ги избегнете ваквите незгоди?
1. Погрешно нанесен кондом. За да ве заштити соодветно мора да биде правилно нанесен. Проверете убаво од која страна го ставате за да не го ставите погрешно.
Додека го нанесувате, врвот држете го со едната рака за да не дојде до вакуум кој би можел да предизвика пукање на кондомот.
2. Не можете да го извлечете. Тоа е заради фактот што кондомот е нанесен на пенисот во ерекција, а по оргазмот тој се враќа во првобитната состојба. Полека извлекувајте го од коренот кон врвот, внимавајте да не ви се растече содржината.
3. Кондомот останал во партнерката. Понекогаш кондомот може да остане во партнерката. Без паника. Со прстите полека раздвојте ги усните од вагината и полека извлечете го кондомот.
Ако останал на самиот влез на женскиот полов орган мала е веројатноста дека неговата содржина се излеала. Но, ако сакате да бидете сигурни посетете гинеколог.
4. Пукнат кондом. Единствен начин за сигурност се пилули за ден потоа.
5. Иритација. Повремено може да предизвика иритација на кожата. Ако не исчезне за 2 до 3 часа од користењето, посетете лекар. Често е доволно да ја промените марката на кондоми.