Мали кондоми за малолетници
Студијата која беше спроведена од страна на Федералната комисија за деца и млади, опфати 1480 луѓе на возраст од 10 до 20 години. Откриено...
... е дека се повеќе дена на вораст од 12 - 14 години влегуваат во сексуални односи.
Ненси Бодмер која го водела истражувањето објаснува:
"Овие резултати искрено нас не шокираа, бидејќи укажуваат на тоа децата се однесуваат ризично и неодговорно. Тие не се доволно сексуално созреани и затоа не знаат да се заштитат. Исто така не ги разбираат последиците од ваквото однесување и одговорноста која ја носат".
Токму тоа е причината зошто некои швајцарски цивилни групи покренаа кампања за сексуално образование, како би се започнало со производство на соодветна заштита. Одговорните лица од таму велат:
"Младите и децата често не се заштитуваат бидејќи не можат да најдат контрацепција која им одговара".
До сега се произведени околу 55.000 пакувања со еден мал и еден кондом со нормална големина, кои може да се купат во продавниците и преку интернет.
Во Швајцарија најниската годишна возраст за имање секс е 16 години, но не постојат казни ако тоа се случи и 3 години порано.