Секси женски атрибути
Мажите сакаат различни физички атрибути кај жената и токму тоа е она што на прв поглед ги привлекува. Меѓутоа, откако добро ќе ја измеркаат...
... девојката од глава до пети, посилниот пол го насочува своето внимание кој нејзините карактерни особини.
Како што покажаа бројните истражувања, мажите сакаат убава насмевка, заводлив поглед, но и интелигенција, пишува "Press".
Насмевка. Голем број на истражувања покажаа дека мажите ги привлекува пријатна насмевка. Тие сметаат дека насмевката кај жената покажува дека таа е отворена, весела и неоптоварена. Насмевката е секогаш секси!
Да знае да слуша.Жена која внимателно го слуша својот соговорник е многу привлечна. Едно австалијско истражување покажало дека токму ваквото посветено внимание е она што многу мажи ги привлекува.
"Необично е колку е секси кога имаш впечаток дека цело нејзино внимание е насочено кон тебе", изјавил еден од испитаниците.
Смисла за хумор.Секој сака кога има позитивна енергија и оптимизам до себе, па така и мажите. Токму затоа нив ги
привлекуваат жени кои имаат смисла за хумор. Тие жени знаат да ве опуштат и насмеат, а тоа е добар предуслов за секси расположение.
Шега на сопствена сметка. "Нема ништо поодбивно од жена која не знае да се пошегува на сопствена сметка и која сето тоа го сфаќа лично", изјавил еден од испитаниците во неодамна спроеденото британско истражување.
Кога жената се шегува на сопствена сметка, покажува дека таа е самоуверена и дека не е критички настроена кон себе, а ниту кон мажите.
Поглед. Многу мажи сметаат дека жената најдобро завдува со поглед. Постојат и онакви кои ги привлекува
таинствен и срамежлив женски поглед, но и онакви кои преферираат строг, жесток поглед. Тоа е момент кој не може да се изглуми и кога се остварува првиот контакт.
Интелигенција. Голем број на мажи сакаат крај себе паметна жена. Иако некои од нив тврдат поинаку, интелигенцијата е посебно секси особина. Таа е таа која овозможува жената да биде интересна, интригантна, одличен
соговорник, но и забавна во кревет.
Пристојно однесување. Жена, како што изјавиле студентите на еден американски универзитет, не мора да биде светица, но мора да се однесува пристојно. Мажите не сакаат жени кои се прегласни и наметливи. "Тоа е првата работа која ја приметувам кај жена. Ако не е пристојна, јас заминувам", изјавил еден студент.