Мислите дека се познавате?
Седејќи секојдневно еден покрај друг, партнерите веројатно мислат дека знаат се' еден за друг. Сепак, многу брачни партнери се потполно...
... незаинтересирани за приоритетите и преференците на својот партнер.
Можеби не ги знаат ни основните работи како на пр. конфексциски број, па дури ни бојата на очите на својот партнер. Според истражувањето во кое учествуваа 2000 мажи, 60% од нив веруваат дека ги познаваат своите партнери многу добро.
Но, кога биле детално распрашани, дури 12% не можеле да одговрат за бојата на очите на својата жена, 10% од истите не знаеле кога е роденденот на споругата и 12% исто така не можеле да одговорат која и е најдобрата пријателка на својата сопруга.
Понатаму истражувањето покажало дека 27% од партнерите за подарок на своите драги им купуваат разни парчиња
облека и долна облека со погрешен конфекциски број, а повеќе од 2/3 како резултат на овие случаеви - ваквиот погрешен подарок довел до караница.
Клучот на подарување на вистинскиот подарок е меѓусебното познавање, од најголемите фантазии и желби до најситните стравови и неугодности. За да проверите колку добро вие го познавате својот партнер, одговорете на следниве прашања:
- Кој е неговиот/нејзиниот конфекциски број?
- Каква е неговата/нејзината природна боја на коса?
- Каква боја на очи има?
- Кој број на чевли носи?
- Омилен парфем?
- Име на најдобриот нејзиниот/ неговиот пријател или пријателка?
- Која и/му е работната позиција?
- Омилена храна и пијалок?