Жените во неговиот живот

zenite-vo-negoviot-zivot-povekjeФакт е дека во животот на вашиот партнер постојат и други жени освен вас. Кои се оние со кои треба да се спријателите? Кои жени во животот на вашиот...

 

...партнер ќе мора да ги прифатите ако сакате да останете заедно?

1. Неговата мајка.

Без разлика дали живеете заедно или не, во најголем број случаи неговата мајка има важна улога во неговиот живот. Всушност тоа и ви покажува дека има позитивен развиен однос со семејството и се грижи за нив.

Но, тука не спаѓа опсесивната поврзаност со мајка му, верувањето и отварањето само со не, слушање исклучиво на нејзините совети – ваков човек е тешко веројатно дека ќе го промените. Оваа поврзаност често може да биде патолошка и штетна – таа го сака само за себе и тој од страв “не смее“ да сака  друга жена.

zenite-vo-negoviot-zivot

Најубаво е да разговарате со него и да му објасните дека е веќе голем за да биде опседнат со неговата мајка. За секој млад пар најдобро е да живее сам, а родителите понекогаш да дојдат во посета.

2. Неговата пријателка

Долгогодишните пријателки најчесто се трн во око на многу жени, посебно на оние љубоморните. Ве изневерува ли со неа? Таа сиигурно сака нешто од него?

Овие одговори ќе ги добиете ако поразговарате искрено со него. Ако тој ве запознае со неговите пријателки – тука најчесто нема место за сомнеж.

И покрај сите теории за машко-женските пријателства, голема е веројатноста ваквата комбинација да е возможна. Затоа навикнете се на овој факт.

3. Непознати секси девојки

Не можете да барате од вашиот партнер никогаш да не погледне друга жена, кога ги има насекаде. Зарем вие не го правите тоа? Ако не, запрашајте се дали се е во ред со вас?

Се што е убаво привлекува внимание- без разлика дали сте зафатени или не. Ако вашиот партнер гледа некоја згодна девојка – не значи дека не ве сака или дека ве изневерува, исто како и вие кога ќе се загледате во некој згоден фраер.

Ако ви пречат вакви работи време е да се помирите со нив и да го прифатите овој факт.

Би можело да ве интересира:

„Жена ми сака секс само ако планираме бебе, а веќе имаме 4 деца - фрустриран сум“ (18+) Кое е вашето размислување на оваа тема? На кој начин сметате дека може да се под...
Идеи за секс без пенетрација кои исто така пружат задоволство (18+) Покрај добропознатиот орален секс, постојат и други „игри“ во кревет кои не вклу...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...
„Прирачник“ за мажи: 12 докази дека таа е жената што ви треба во животот Таа е интелектуално предизвикувачка, односно со неа може да се водат интелектуал...
6 знаци дека имате лош сексуален живот (и како да се поправите), според сексолог (18+) „Добриот секс не е шоу, ниту филм. Нема потреба да си создавате таков притисок“ ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg