Молчењето е злато
Убаво е да имате искрена врска без тајни. Меѓутоа, понекогаш сепак треба да го држите јазикот за забите. Факт е дека жените се зборлести, но...
...постојат некои работи кои не треба никогаш да му ги кажете на партнерот.
Значи, забрането за споделување:
1. И бившиот го правеше тоа. Споредбата е со закон забранета. Немојте да давате впечаток дека не сте го преболеле поранешниот.
2. Кога ќе се венчаме и ќе имаме деца... Не е лошо да сонувате за заеднички планови но правете го тоа со пријателките. Мажите ужасно се плашат од сериозни теми.
3. Мислиш ли дека таа е убава? Избегнувајте да коментирате други жени со партнерот. Не го доведувајте во непријатна ситуација.
4. Не сум доволно добра за тебе. Ако тој мисли така, нема да биде со вас. Мажите сакаат самоуверени жени со добро мислење за себе.
5. Ја мразам твојата пријателка, мајка или друштво. Не мора да се согласувате со неговите блиски. Но, бидете обзирни кон луѓето кои му значат.