Како да и дадете комплимент?
Подароците се ок, но верувајте најдобрите работи во животот се бесплатни. Посебно кога станува збор за вашата сакана, комплиментите ќе ве одведат...
...далеку. Ако на девојката почесто и споменувате дека е посакувана, ценета и сосема неодолива, изразот на среќа на нејзиното лице нема да можат да го купат ниту едни пари на светот.
1. Кажете и благодарам. Кажете и дека не би можеле да го направите тоа без нејзината поддршка (без разлика дали станува збор за некоја одлука, организирање забава и слично.)
2. Кажете и дека изгледа прекрасно. Кога дечкото и кажува на девојката дека таа е идеална за него, нема шанси да не ја разнежни овој коментар.
3. Нека знае дека ви е единствена. Никогаш не сте запознале некоја како неа. И бакнете ја.
4. Прашувајте ја за мислење секогаш. За сите проблеми и двоумења – таа сака да го дели мислењето со вас.
5. Кажете и дека е неодолива. Нема девојка која не сака да се чувствува убаво.
6. Шегувајте се. Дајте и до знаење дека е забавна. Правете шеги и на нејзина и на ваша сметка.
7. Милувајте ја. Пред спиење погалете ја без намера да имате секс.
8. Забележете и запомнете што носи на себе. Дајте и комплименти за нејзиниот стил. Девојките сакаат кога момците забележуваат детали.
9. Бидете џентлмен. Отворете и ја вратата од автомобилот, придржете и го капутот и не го правете ова само на почетокот!
10. Бидете искрени! Што ви се допаѓа споделете веднаш!