Каков тип секс практикувате?

kakov-tip-seks-praktikuvate-povekjeСексот е една од најомилените теми на денешницата. Постојат разни типови секс кои може да ги практикувате. Ако сте во пар најчесто се препорачува...

 

...што е можно повеќе да експериментирате.

Е, сега – ајде пронајдете се во некои од долунаведените парови и видови секс:

1. Сигурносен секс.

Овој пар е опседнат со заштита. Кондоми, пилули, дијафрагма, темелно чистење пред секс... Никогаш анален, ретко орален, само пенетрација и тоа се добро замотано и “спакувано“. Ако можат после секс би користеле и средство за дезинфекција. Ако се плашите да му се приближите кога не е се од ова под конец, тогаш спаѓате во сигурносен пар.

kakov-tip-seks-praktikuvate

2. Срамежлив секс.

Ова се оние парови кои би сакале лудо и страствено да водат љубов, но премногу се срамежливи за да ги споделат своите фантазии со партнерот.

Кај нив за време на сексот, светлото е секогаш изгасено и обично се покриени со прекривач, па речиси и да не се имаат видено голи.

Имаат 2-3 пози кои секогаш ги практикуваат и остануваат на нив. Срамежливиот секс е сличен со сигурносниот.

Овие парови не се чувствуваат добро во сопствената кожа и не сакаат да се гледаат меѓусебно. Оралниот секс е исклучен. Генерално – тие сакаат секс, но никогаш не се препуштаат до крај.

3. Секс за годишници

Овој пар го чува сексот само за специјални прилики. Годишнини, родендени, Нова година, Денот на вљубените... обично под  дејство на алкохол.

Постојат 2 типа парови: први се оние со досаден секс кои се частат со сексуални играчки и нови пози само со повод. 2 тип се оние кои навистина имаат секс само во овие денови од годинат – зошто? Тоа веројатно не го знаат ни тие сами.

4. Ванила секс

Генерално ова е пар кој секогаш се држи до шаблонот и ги прави истите работи. Пример: прво орален секс за него, па орален секс за неа, па тој од горе, потоа таа од горе.

Тука некаде може и да се појави doggy style и тука застануваат. Фина ванила – но, со тек на време станува досадна. Ако вклучувате секси играчки од време на време – повторно сте ванила, само малку поквалитетна.

5. Секс со чоколадни мрвици

Кога на ванила сексот ќе додадете и малку анален секс, ќе го направите тоа во када, ходник или на подот, користите и екстра нови пози. Можеби да погледнете и порно филм заедно, како и секс во текот на работната недела.

6. Секс – шведска маса

Експериментирање со пози, порно филмови, играчки и исполнување на фантазиите. Секогаш сакаат да пробаат што не пробале. Тие практикуваат орален секс, анален секс, менуваат пози, се допираат секаде и секако.

Овие парови имаат доста активности (орален секс, игра со брадавицие, анален секс, 69 и мисионерска), но секогаш сакаат да испробуваат нови работи.

Понекогаш не им се допаѓа тоа што го пробале, но не се обесхрабруваат. Имаат разновиден и возбудлив сексуален живот. Секогаш сакаат репете.

7. Екстремен секс

Овие парови пробуваат се што не се осудуваат останатите. БДСМ (ропство/дисциплина, доминација/ покорување, садизам/мазохизам), латекс, разни фетиши, свинг...

Тие ги надминуваат границите на останатите парови. Колку пошокантно, толку подобро и повозбудливо.

Каде се пронаоѓате и кон што целите вие?

Би можело да ве интересира:

„Алергична сум на семена течност и кондоми – Што ми се случува по секој секс?“ Алергијата на семена течност е мошне ретка реакција на протеините што се застапе...
Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“ „Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Зошто не треба да глумите оргазам со вашиот партнер? (18+) Зборувањето за оргазмот не само што е поволно за врската, туку влијае и на целок...
Порака до сите љубовници: „Не барајте мир во туѓа неволја и не се лажете дека не сте виновни“ Зошто постојат жени што прифаќаат да бидат нечии љубовници? Зошто веќе не се цен...
8 типови на жени по кои мажите лудуваат Од љубезната девојка во соседството, до мистериозната фатална жена, овие типови ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg