Постојат 11 видови на прегратки: Како се прегрнувате - таква ви е љубовната врска
6. Преплетување
Цврстата прегратка која понекогаш може и да заболи, покажува страв од губење на партнерот, односно напуштање. Во ваквата врска владее искреност и предаденост, а партнерите не сакаат да бидат раздвоени.
7. Летечки прегратки
Ваквата врска обично е полна со страст и желба. Длабочината на емоциите не е толку важна како физичката желба, односно постојаната желба за секс. Партнерите во ваквата врска не можат да си одолеат, но тоа не значи дека врската ќе потрае. Потребни се подлабоки темели.
8. Лондонски мост
Партнерите кои се прегрнуваат на овој начин не би ни требало да бидат заедно затоа што овој начин покажуваат дека би сакале да се на дистанца. Нивната врска е површна и полна со несогласувања, а најдлабоките емоции кои ги имаат кон партнерот се идентични како кон познаниците.
9. Со поглед во очи
Нивните души се поврзани. Ваквите врски се полни со разбирање, длабок и искрени. Овие парови се пример за тоа како треба да изгледа една здрава љубов.
10. Еднонасочна прегратка
Баш како и прегратката, се работи за еднонасочна врска, кон која е наклонет само оној кој прегрнува. Врската е полна со нерамнотежа меѓу партнерите. Врската нема иднина, па затоа ако се пронајдете тука, подобро е да си дадете шанса да доживеете вистинска љубов, а не мачење.
11. Раце во џеб
Врската во кој еден од партнерите ги става рацете го џебовите на другиот е едноставна и опуштена. Пријатно им е заедно и не мораат премногу да се трудат за врската да потрае.