Што со подароците од бившите?
Кога некој ќе си замине од вашиот живот, без оглед на тоа дали се радувате или не, остануваат сеќавања, но и конкретни предмети: гардероба, книг...
...слики, некое ЦД, можеби парфем... Што со нив?
Сечењето на заедничките фотографии, газењето на неговите маици, сецкањето на нејзините шалови, палењето на писмата, истурањето на парфемот...можат да бидат дел од антистрес терапијата, но, верувајте, подобро е да се биде цивилизиран и практичен.
Можеби меѓу нив се наоѓа нешто што еден ден ќи ви затреба. Некоја ретка книга, филм или музика, можеби некое парче гардероба од лимитирана колекција, или фотографија од заедничкото летување кога бикинито најдобро ти стоело во животот.
Значи, сето тоа убаво спакувај го и понуди и на својата поранешна љубов да го земе со себе.
Ако одбие, задржи го за себе она што тебе ти се допаѓа, а останатото поделете го со пријателите. Не фрлај ништо, колку и да си бесен/а.
Заедничките фотографии можат да предизвикаат повеќе солзи и да го отежне раскинувањето или разводот.
Дури и ако се работи за личност чиј што грб едвај си чекал/а да го видиш, не ги фрлај сликите.
Нареди ги во кутија или албум, стави ги на дното од орманот, а можеби и подрумот. Нека мируваат.
Не зафаќаат многу место, а еден ден можеби баш ќе ти биде мило повторно да ги видиш.
Кога ќе помине извесно време и емоциите избледат, ќе ти биде интересно да се сетиш на тие денови, поранешните љубови, ти во својата младост...
Чувањето особено се однесува на вредните подароци кои ги имаш добиено од него/неа. Можеби прстенот што ти го подарил за некоја годишнина од бракот е ужасно грд, но тој може да се стопи и од него да се направи приврзок какв што отсекогаш си сакала.
Нараквицата која ти ја ставил на зглобот за изминатата Нова Година нема да сакаш да ја ставиш на овој 31-ви декември, освен ако не сакаш да плачеш цела ноќ.
Таа нараквица сигурно има своја кутија, а ти своја другарка која ќе ти го причува тоа додека “раните не ти зараснат”.
Од подароците фрли ги они за кои со сигурност знаеш дека не биле скапи: на пример синтетичката долна облека која воопшто не ти била удобна, а него многу го возбудувала... краватата која ти ја дала за роденденот, без оглед на тоа што не ти оди со ниту една кошула.
Тоа што треба со сигурност да исфрлиш од домот се неговите влечки, бричови, четкичка за заби, искинати чорапи, садови за јадење кои ти ги донела неговата мајка, списанијата за автомобили и спорт.
Тој треба да се ослободи од нејзините шминки, креми и помади, пластично и суво цвеќе, плишаните кученца и мечиња, исечоци од рецепти и сл.
Исчисти ја околината, за што полесно да се прочистиш себе си со цел да продолжиш што побргу со својот живот.