20 Совети за подобар однос

soveti-za-dobar-partnerski-odnos-povekjeСовршена љубов. Постои ли таква? Како треба, а како не треба да се однесувате со партнерот? Постојат мали работи на кои секогаш треба да внимавате.

 

Малите работи ги прават нештата убави. Затоа внимателно прочитајте ги 20-те совети а добар партнерски однос.

1. Бидете пријателски настроени, љубовта се искажува со дела, не само со зборови
2.
Никој не е совршен затоа имајте разбирање за грешките на партнерот
3.
Морате да бидете свесни дека романтичната љубв и заљубеност не се вечни, но се темел на кој се гради добра врска
4.
Покажете дека ги цените позитивните работи кои ги прави партнерот, колку и да се мали.
5.
Доколку партнерот ве налути и ве замоли да му простите земете ги во предвид и неговите аргументи
6.
Никогаш немојте намерно да го повредите партнерот – така ќе се повредите сами себе.
7.
Замолите го партнерот на ливче да ги напише работите кои ги сака кај вас, и вие направете го истото. Така ќе ја зацврстите врската.
8.
Секогаш бидете искрени, нежни, внимателни. Партнерот ќе ви врати со иста мера.
9.
Лошите чувства, мисли и однесување се само одраз на нашата потреба за љубов и еден вид на одбранбен механизам. Развијте сочувство за себе и за партнерот.
10.
Секогаш размислувајте позитивно и поддржете го партнерот, кога му е тешко вие бидете му потпора.

soveti-za-dobar-partnerski-odnos

11. Секогаш бидете тоа што сте и не дозволувајте партнерот да ве промени. Кога некој сака да ве промени тоа не е вистинска љубов.
12. Прочитајте некоја добра книга  за партнерските односи за да научите нови начини за решавање на проблемите и да ги подобрите односите.
13. Пробајте да го разберете начинот на кој вашиот партнер гледа на светот. Така ќе го разберете подобро.
14. Кога купувате подарок за партнерот не е важна цената – важно е дека сте го купиле од срце. Можете и сами да направите подарок кој ќе му значи повеќе.
15. Разговарајте за работите кои ве мачат. Разговорот е одличен за да дојдете до заедничко решение.
16. Не се откажувајте. Фрустрациите и конфликтите се психолошки клуч за зголемено задоволство помеѓу вас.
17. Договорете се за работите кои ги правите заедно, уживајте во нив и бидете потполно предадени.
18. Наутро одлучете дека нема да го критикувате партнерот. Ако случајно ви се испушти, извинете се и признајте ја грешката.
19. Немојте да ги менувате работите кај партнерот, нема да ги решите така проблемите.
20. Прифатете го партнерот таков каков што е, немојте да замислувате друга идеална слика и ако не е таков да се лутите.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Зошто не треба да глумите оргазам со вашиот партнер? (18+) Зборувањето за оргазмот не само што е поволно за врската, туку влијае и на целок...
„Жена ми сака секс само ако планираме бебе, а веќе имаме 4 деца - фрустриран сум“ (18+) Кое е вашето размислување на оваа тема? На кој начин сметате дека може да се под...
5 знаци дека сте лоши во кревет (и како да се подобрите) (18+) Размислувате за тоа што треба да купите и дали сте платиле сметки додека имате с...
Непотребни грижи за сексот што ги имаат скоро сите, според експерт (18+) Нормално е и мажите да имаат намалено либидо, а жените не треба да бидат опседна...
Како да познаете маж кој е чувствителен (и e одличен партнер)? Мажите кои се чувствителни можеби на прв поглед не изгледаат така, но тие секога...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg