Секс со екс - грешка 100%
Сте имале убава љубовна врска подолг период, но без некоја посебна причина врската помеѓу вас и вашиот партнер сериозно се разнишала, па сте решиле...
...да ја прекинете. Како и после секоја разделба, едниот го боли повеќе, а другиот можеби и не толку многу.
Сеќавањето, осаменоста или пак можеби двете, можат да ве натераат повторно да се вратите во креветот на вашиот бивш партнер, иако тоа во најголемиот број случаи, е навистина лоша идеја.
Сексот со бившите е генерално лоша идеја, затоа што постојат силни причини поради кои вие сте станале “бивши”.
Во некои исклучителни случаи, доколку самите сте на чисто со себе, сексот со бившите може да претставува забава без додатни оптоварувања.
За поголемиот број на луѓе, ваквиот однос е скоро невозможен, па затоа пред да скокнете во креветот на вашите бивши, поставете си неколку прашања за да донесете полесно одлиука:
1. Дали ќе се каам?
2. Дали сексот ќе ми донесе емотивна болка?
3. Дали е мојот мотив е чисто секс или нешто навистина чуствувам?
4. Дали мојот/јата бивши/а партнер/ка го користи сексот за да ме врати повторно?
Доколку одговорот на претходните прашања е “да”, тогаш сексот со бившиот за вас воопшто не е добра идеја. Свртете нов лист и подгответе се за нов почеток!