Утрински секс за добар ден

utrinski-seks-za-dobar-den-povekjeКако ќе ви започне денот - зависи од вас. Една од многуте разлики помеѓу мажите и жените е и желбата за утрински секс. За разлика од жените...

 

...кои ваквите активности повеќе сакаат да ги практикуваат навечер, мажите обожаваат утрински секс.

Ваквата желба кај мажите најверојатно е поврзана со феноменот на утринска ерекција, па мажите едноставно се будат со ерекција и желба за секс.

Проблемот се јавува кога партнерката одбива секс, но сексуалните терапевти велат дека се зависи од пристапот. Имено, ако мажот го одбере вистинскиот пристап, најверојатно и двајцата ќе уживаат во утринскиот секс.

Еве неколку совети за тоа како мажот да и пристап на својата сакана наутро.

1. Подготовките започнуваат претходната ноќ

utrinski-seks-za-dobar-den

За да уживате во утрински секс, подгответе се претходната ноќ. На ноќната полица оставете неколку бонбончиња за освежување на здивот.

Задолжитело олеснете се пред да заспиете за да не го правите тоа рано наутро. И секако доколку користите заштита нека истата ви биде на дофат на рацете.

2. Наместете аларм

Ако сакате утрински секс навистина е важно да се пробудите рано за да не бидете нервозни од помислата дека ќе задоцните на работа.

Затоа наместете го алармот така да имате доволно време за утринско мазење. Најдобро би било да се пробудите пред партнерката, а потоа да ја пробудите и неа нежно милувајќи ја.

Иако вие сте подготвени, не заборавајте дека на неа ќе и биде потребно повеќе време, па бидете трпеливи и дозволете си прекрасно утро и секако убав ден потоа.

3. Пробудете ја нежно

Будете ја партнерката со нежни допири, бакнувајте ја полека и лесно поигрувајте си со нејзината коса. Ваквиот сензуален пристап секако ќе предизвика добро расположение и желба за секс и кај неа.

4. Кажете и дека е секси

Вашата партнерка најверојатно нема да се чувствува привлечно кога ќе се разбуди, па затоа не заборавајте да и кажете колку е убава и привлечна.

Иако можеби во тој момент таа е бушава и згужвана од спиењето, кажете и дека е поубава од било кога и дека страсно ја посакувате.

Ако ви пречи нејзиниот утрински здив приближете и од зад грб, тоа впрочем дава и дополнителна доза на сензуланост.

5. Утрински секс за добар ден

Утринскиот секс е одличен за почеток на денот. Потоа цел ден имате насмевка на лицето, а на работното место ќе бидете помалку чувствителни на стрес. Па вреди да се проба, зарем не?

Би можело да ве интересира:

8 типови на жени по кои мажите лудуваат Од љубезната девојка во соседството, до мистериозната фатална жена, овие типови ...
Знаци дека сте во врска со партнер кој ве контролира (дури и ако не ви изгледа така), според психија... „Сум имал многу пациенти кои биле во врска со партнер кој ги контролира и, во по...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...
Зошто не треба да глумите оргазам со вашиот партнер? (18+) Зборувањето за оргазмот не само што е поволно за врската, туку влијае и на целок...
Која секс поза под туш е најбезбедна и ќе ви донесе најголемо уживање, според сексолог? (18+) Безбедна секс поза и нелизгачка постилка во бањата... Што ви е потребно за сексо...
Либидо диета: Што да јадете за подобар сексуален живот (според нутриционист)? Еден од најпопуларните начини на исхрана во моментов во Британија е таканаречена...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg